Вака светските метрополи се борат со загадувањето!
Еден час паркинг во центарот на Амстердам во моментов се наплаќа 5 евра, а се предлага цената да биде подигната за 50 отсто од април следната година
Во многу големи европски градови, паркирањето е навистина скапо, а исклучок од ова не е ниту холандската метропола.
Возачите кои сакаат својот автомобил да го паркираат во центарот на Амстердам, паркирањето на улиците во овој град чини 5 евра на час, а од април 2019 година возачите ќе мора да издвојат 7,5 евра на час за истата услуга.
Сегашната цена на паркирање на улиците во центарот на Амстердам е непроменета осум години, а ако се усвои предложеното зголемување на цените, ќе чини 50% повеќе.
Зад одлуката за зголемување на цената се крие намерата да се обесхрабрат возачите своите автомобили да ги возат низ тесните улици на историски центар на Амстердам. Крајната цел е целосно „протерување“ на автомобилите од потесното градско јадро. Во следните седум години се планира да се укинат 7.000-10.000 паркинг простори, а нивното место ќе го заземаат зелени и рекреативни објекти.
Исто така, градските власти сакаат да ослободат повеќе простор за пешаците и велосипедистите, што е сосема разбирливо бидејќи Холанѓаните се познати по тоа што велосипедите ги користат како дневно средство за транспорт.
Од друга страна, возачите се охрабруваат да ги остават своите автомобили на поевтини јавни простори за паркирање на периферијата на Амстердам, а потоа до центарот да се транспортираат со јавен превоз (воз, метро, трамвај …) по пониска цена од пазарната. За таа цел, градот ќе инвестира 400 милиони евра за понатамошен развој и подобрување на јавниот транспорт.