Информацијата е потврдена од Илон Маск за време на финансискиот состанок по повод третиот квартал од 2018 година

За Tesla, перцепцијата на јавното мислење и експертите за автомобилската индустрија во голема мерка доживеа пресвртница. До неодамна, моделната гама на компанијата имаше само еден релевантен модел, Ѕ. По лансирањето на Model X, проследено со најава, а потоа и маки со производството на новиот Model 3, производителот од Калифорнија до одреден степен се консолидираше и очигледно не запира тука. Имено, дадено е „зелено светло“за производство на новиот одамна најавен модел Y.

Ова се важни вести за сите оние кои се со нетрпение го очекуваат потенцијалниот нов кросовер на брендот. Станува збор, се разбира, за автомобил на чисто електричен погон, кој би можел да биде попопуларен дури и од Model 3, автомобилот кој досега го има пронајдено патот до половина милион корисници кои имаат оставено аванс од 1000 долари, дури и пред моделот да влезе во производство.

Модел Y, најверојатно, официјално ќе биде преставен во март 2019 година. Според неколку извори, компанијата за почетокот на производството цели на 2020 година. Според оние малку достапни информации, се очекува Модел Y ценовно да се позиционира помеѓу Model 3 и Model S, на ниво од околу 45.000 долари за основната верзија. Возилото ќе ја користи платформата на Model 3, отфрлајќи ја карактеристичната врата во форма на крило од Model X.

Пролетта 2019 година би можела да биде важна за компанија и од друга причина, затоа што покрај Model Y, во план е и камионет, со кој Tesla веќе би се позиционирала на пазарот како навистина сериозен автомобилски производител.