Со возниот парк на полицијата во Дубаи сигурно сте доволно запознаени. Меѓутоа, со последната аквизиција, се што претходно сте читале и знаеле е нецелосно

Засилувањето доаѓа во форма на огромен SUV, кој веќе има и соодветен прекар – Beast Patrol. Чудовиштето автомобил е дело на куќата W Motors, а јавно е промовиран на настан под наслов GITEX Technology Week, одржан пред десет дена.

Иако врз основа на името на возилото, може да се заклучи дека во основа се крие многу популарниот модел на Блискиот Исток, Nissan Patrol, сепак поверојатно е дека за патролниот ѕвер, како основа послужил Chevrolet Blazer.

Внатрешноста е полна со разни екрани со впечатливо лого на рамката на воланот. Најчудните детали за SUV моделот се задната врата, како и капакот на багажникот.

W Motors ова возило го создале во соработка со Safe City Group и го најавија како најнапредно полициско возило во светот.