2018 Paris Motor Show: BMW 3-Series
Новата, седма генерација на најпродаваниот седан на BMW, пораснал во споредба со својот претходник, но автомобилот во исто време е полесен до 55 килограми, во зависност од верзијата
Моделот чија премиера нестрпливо се очекуваше, своето деби го имаше на тековниот авто салон во Париз.
Дизајнот на новата Серија 3 не е изненадување, бидејќи веќе имаше „протечени“ фотографии од моделот на интернет, а и самиот BMW веќе имаше откриено детали од патничкиот простор на автомобилот.
Кога станува збор за димензиите, BMW Серија 3 за 2019 година е 76 mm подолга од сегашната, шеста генерација, додека меѓуоскиното растојание е зголемено за 41 mm. Новиот автомобил е поширок од неговиот претходник за 43 mm во делот на предните тркала и 21 mm во задниот дел.
BMW 3-Series 2015 / BMW 3-Series 2018
BMW 3-Series 2015 / BMW 3-Series 2018
BMW 3-Series 2015 / BMW 3-Series 2018
Во зависност од опремата и пакетот на моторот, Серија 3 е полесна до 55 кг во споредба со генерацијата што заминува. Од BMW воедно наведуваат дека коефициентот на отпор на воздух на новата „тројка“ изнесува 0,26.
На европскиот пазар, на корисниците ќе им бидат на располагање 5 погонски агрегати уште со стартот на продажбата. Бензинскиот 4-цилиндерски мотор 320i овозможува моќ од 184 КС (135 kW), а 330i – 258 КС (190 kW). Дизел понудата ќе биде, исто така, 4-цилиндерска – 318d0 со 150 КС (110 kW) и 320d со 190 КС (140 kW).
Во прво време единствениот реден 6-цилиндерски мотор во понудата ќе биде 330d со 265 КС (195 kW). Во исто време, тоа е единствената верзија на новата BMW Серија која ќе биде достапна на почетокот на продажбата со погон на сите четири тркала.
Подоцна, BMW во понудата ќе ја внесе и моќната M340i верзија, напојувана со реден 6-цилиндерски 3.0 турбо бензинец со 387 КС и 500 Nm.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1-zNBElYbdjfQuK0OSECM3BpZ9YTX-Tgr” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Во плановите на BMW се наоѓа и 330е plug-in hybrid, кој исто така ќе биде достапен до крајот на 2019 година.