Постигнат договор во смисол избегнување на забрана на дизелот во германските градови
По долги и исцрпувачки преговори, лидерите на водечките политички партии на Германија (CDU, SPD и CSU) или оние кои ја сочинуваат владината коалиција предводена од Ангела Меркел, ја информираа јавноста за постигнат договор со кој треба да се избегне забраната за дизел во градовите ширум Германија.
Фокус на договорот е претставен преку пет тези кои треба да бидат темел на документ “Концепт на чист воздух и обезбедување на индивидуална мобилност во градовите“. Подетални објаснувања за договорот ќе бидат презентиран дополнително од надлежниот министер во германската влада.
Од обраќањето на лидерите на трите коалициони партнери се знае само за најосновните детали од договорот. Имено, постигнат е договор за механички преправки на дизел возилата од постари генерации, без да се специфицираат деталите. Ова всушност беше и најболната точка на несогласување, со оглед дека SPD експлицитно била за оваа опција, пред се поради неможноста на многу сопственици на овие возила да ги заменат со нови, дури и покрај големите субвенции од производителите до 10.000 евра.
Веста пристига по прифаќањето на Volkswagen поголем дел од трошоците поврзани со механичките преправки на дизел возилата од постара генерација, да паднат на товар на производителот, според изјавата на министерот за транспорт на Германија Анреас Шејер.