Volkswagen ќе користи 3D печатари за производство на автомобили
Една од предностите на овој начин на производство е можноста за производство на специјални делови без првична потреба за производство на специјални алати со кои ќе се направат тие делови
HP го претстави Metal Jet, 3D печатач за метал вреден 400.000 долари, кој може да го промени начинот на кој металните делови се произведуваат во многу индустрии. Една од компаниите кои ги препознале напредните можности за печатење на метали на овој начин, а тоа се брзина, едноставност и ефикасност, е Volkswagen.
Германската автомобилска компанија така најави дека за масовно производство на делови за автомобили ќе ја користи технологијата на HP за печатење метали. Од VW велат дека наскоро секако нема да се почне со производство на цели возила со помош на принтер, но со текот на годините се повеќе автомобилски делови ќе се прават со користење на вакви уреди.
Големата предност на овој вид производство, според шефот на технолошко планирање и развој во Volkswagen, Мартин Годе, е можноста за производство на специјални делови без првична потреба за производство на специјални алатки со кои ќе се направат тие делови.
Ова нема да биде прв пат 3D печатари да се користат за производство на делови за автомобили – до сега овој метод на печатење најчесто се користеше за прототипови и индивидуални компоненти, а Volkswagen со масовно производство на важни делови за своите автомобили треба да почне за две до три години. Како податок, во производството на само еден VW автомобил се користат до 8.000 делови, а во фабриките на компанијата веќе се користат 90 печатари за производство на резервни делови за возила.