Премиера: Ferrari 488 Pista Spider / ФОТО
По купе и тркaчката верзија, Ferrari ја претстави и кабриолет варијантата на моделот 488 Pista
Моделот Ferrari 488 Pista Spider воедно е 50-тиот модел со отворен покрив во историјата на производителот од Маранело.
Како и купе верзијата, Spider како погон користи 3.9-литарски twin-turbo V8 мотор со 720 КС и вртежен момент од 770 Nm. Овој агрегат е најмоќниот V8 кој досега Ferrari го има направено.
Благодарение на него, 488 Pista Spider од 0-100 km/h забрзува за 2,85 секунди (како и купе верзијата), додека до брзина од 200 km/h доаѓа за 8 секунди (0,4 секунди побавно од купе верзијата). Максималната брзина на автомобилот е 340 km/h.
Поради одредени модификации во конструкцијата, верзијата со склоплив покрив со тежина од 1.377 kg е за 90 килограми потешка од купе верзијата.
Дел од „дополнителната“ маса може да се компензира ако клиентот се одлучи за опционални 20 инчни тркала направени од јаглеродни влакна наместо тешките стандардни алуминиумски тркала.
Засега, детали за цената не се познати, но, според очекувањата, Ferrari 488 Pista Spider се очекува да биде нешто поскап од купе верзијата и да чини околу 300.000 евра.