Во свет во кој скоро секој нов концепт на електрично возило е опремен со систем за автономно возење, Audi на вљубниците во автомобилската индустрија им нуди концепт на автомобил од иднината кој ќе сакаат сами да го управуваат

Концептот Audi e-tron PB18 беше презентиран на „Неделата на автомобилите“ во Монтереј, а станува збор за голем електричен автомобил кој е специјално дизајниран за задоволство во возењето. Во него нема ни полуавтономна технологија за возење.

Новиот концепт модел на компанијата од Инголштат има три електрични мотори, од кои еден се наоѓа напред и развива 201 КС, додека другите два електрични мотори се сместени позади и развиваат 604 коњски сили.

При стандардно возење, овие три електрични мотори развиваат вкупно 671 КС и 830 Nm вртежен момент. Меѓутоа, на кратки периоди овие три електромотори можат да го достигнат и својот врв и да развијат 764 „коњи“. Концептот до стотка стигнува за нешто повеќе од две секунди.

Покрај импресивната моќ, PB18 Audi e-tron е дизајниран да биде исклучително ефикасен, односно да надокнадува значителна количина на енергија за време на возењето бидејќи електричните мотори се единствено одговорни за забавување на возилото при ниски или умерени сопирања.

Постоењето на електрични мотори на предната и задната оска овозможило Audi да го вметне Torque Control Manager системот кој заедно со Electronic Stabilization Control активно ја дистрибуира моќта на сите тркала со цел да се овозможи најдобри можни перформанси.

[useyourdrive dir=”1ZwA-dmJqcWGZtT3nxlb8nPZUT3l1QoqQ” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Што се однесува до батеријата, нејзиниот капацитет е 95 киловат-часови што на овој концепт му овозможува со едно полнење да помине и до 500 километри според WLTP циклус. Концептот е дизајниран за полнач од 800 волти, што значи дека е потребно само 15 минути за максимално полнење на батеријата. Автомобилот поддржува и Audi Vireless Charging што значи дека батеријата може да се полни и кога автомобилот е паркиран над подлога за полнење која се наоѓа на подот.

Бидејќи автомобилот е инспириран од успешниот тркачки модел Audi R18 e-tron quatrro од Ле Ман, концептот има сличен систем на суспензија. Напред и назад се наоѓаат адаптибилни магнетни амортизери.

Друг интересен елемент од овој концепт е салонот кој, во зависност од желбата на возачот, може да се организира да има места за двајца патници или само еден со конфигурација на седиштето во средина.

Audi засега нема планови овој концепт да го претвори во сериски автомобил.