Opel Insignia добива нов мотор
Моделот Opel Insignia Grand Sport како и караванот со ознака Sports Tourer, на клиентите во иднина ќе им се нуди со избор на уште еден агрегат
Станува збор за 4-цилиндерска турбо бензинска единица, со капацитет од 1.6 литри, а која веќе е понудена на некои пазари.
Новиот агрегат испорачува 200 коњски сили со 280 Nm вртежен момент. Како таков, на листите кои го претставуваат изборот на достапни верзии на популарниот модел Insignia, ќе заземе место над основната 1.5-литарска верзија (со 140 и 165 коњски сили), а под две-литарската верзија GSi со повеќе од 260 „коњи“. Покрај овие бензински агрегати, на располагање се и четири дизел единици. Понудата започнува со 136, додека најмоќната верзија има 210 коњски сили.
Новиот мотор во понудата, овозможува спринт до стотка за 7,2 секунди со максимална брзина од 236 километри на час. Декларираните емисии на јаглерод диоксид се 146 g/km.
Производителот наведува дека сите бензински модели имаат филтер за пречистување на издувните гасови.