Внимавајте со какви обувки возите во Грција
Возењето со папучи секако е опасно, а од оваа година и казниво
Таков прекршок во соседна Грција ќе ве чини 50 евра, а ќе ви биде одземена и возачката дозвола еден, што секако може да биде голем проблем за сите туристи.
Возењето во папучи или популарните „јапонки“ е забрането бидејќи може да доведе до проблеми со контролата на педалите пред возачот.
Според едно истражување на англиски јазик, возење во овие папучи може да биде опасна, бидејќи се нема целосна контрола што можат да доведе до поголеми проблеми во возењето. „Јапонките“ се „виновни“ за околу 1,4 милиони сообраќајни несреќи годишно, а експертите веруваат дека е поопасно да се вози во нив отколку во чевли со високи потпетици.
Грчката сообраќајна полиција, покрај главните патишта, го контролира и пристапот до плажите и ригорозно казнува за алкохол, неврзување на појас и пушење во автомобил во присуство на деца.