Елон Муск предупредува за голема саботажа во Tesla
Елон Муск предупреди дека многу организации сакаат пропаст на Tesla – од луѓе од Wall Street до автомобилски и нафтени компании
По проблемите со автопилотот, па палењето на батериите кај Model S минатата недела, вчера Илон Маск испратил e-mail до вработените за „вознемирувачки вести за компанијата“. Овој пат не станува збор за нова сообраќајна несреќа или банкрот на компанијата за кој веќе долго време се зборува, туку за саботажа во фабриката.
Според e-mail пораката испратена од Маск, станува збор за голема саботажа со која е нанесена штета во работењето на Tesla, а направена е од вработен во Tesla, кој не добил унапредување. Како одмазда, што не е унапреден, го променил кодот на оперативниот систем на Tesla кој се користи во фабриката и дошол до голем број на исклучително чувствителни податоци кои ги доставил до непознати лица или некоја друга компанија.
Штетата севкупно се уште не е позната, но информацијата како и да е звучи прилично лошо, напишал Маск и истакнал дека бројни организации и посакуваат пропаст на Tesla – од луѓе од Wall Street до автомобилски и нафтени компании, така што истрагата ќе покаже дали саботажата е само излив на незадоволство на едно лице или станува збор за нешто поголемо и поопасно, а прашање е и дали овој вработен имал помошници.
Мејлот е испратен по неделниот мал пожар во фабрика за производство на електрични автомобили, поради што производството било запRenault на неколку часа.
Илон Маск смета дека „надворешни сили“ токму сега имаат најголема мотивација да нападнат и да забават Tesla, бидејќи во текот на наредните неколку недели тие имаат намера да го зголемат производствотото на Model 3 до пет илјади автомобили неделно. Затоа ги повика сите вработени ако приметат нешто сомнително веднаш да ги предупредаат надлежните во фабриката.
Токму производство на Model 3, според Reuters, e клучот за долгорочните планови на компанијата.