BMW се откажа од нова генерација за 2-Series Cabrio?!
Според сеуште неофицијалните податоци, BMW 2-Series Cabrio заминува во историјата
Веб-страницата Bimmertoday напиша дека баварскиот производител на автомобили одлучил да се откаже од нова генерација за кабриолетот од Серија 2, иако овој модел е најевтиниот кабриолет во понудата на Баварците. Причината за оваа одлука е појавата на новиот Z4, а се претпоставува дека улогата на најевтин кабриолет ќе ја преземе 4-Series Cabrio.
И покрај елиминирањето на конвертибилното издание, Серија 2 ќе го продолжи својот пазарен пат и, врз основа на првичните информации, ќе остане модел со погон на задните тркала.
Некои публикации наведуваат дека следната генерација на Серија 2 е планирана за 2020 година, додека други велат дека тоа сепак ќе се случи дури во 2022 година. Иако Серија 2 во кабриолет и купе издание во Европа и Кина е многу добро продавана, успех на пазарот во САД едноставно нема. Минатата година во САД се продадени само 11.037 примероци во кабрио и купе издание.