POTFAT MC полни 20!
Мотоклубот POTFAT MC, еден од најстарите, а воедно и првиот Македонски MC формиран целосно според западни стандарди и правила на MC клубовите, оваа година го прославува својот 20-ти роденден
Членовите на клубот, на 22 и 23 Јуни ќе ги отворат вратите на својот клубхаус на средно Водно за сите поддржувачи и љубители на мото културата како и сите мото-ентузијасти со цел заедно да го прослават јубилејниот роденден на клубот. Настанот е од отворен карактер со цел да се сподели убавото расположение како и мотокултурата со сите посетители.
Во текот на двата дена, сите посетители ќе имаат можност да уживаат во одлична атмосфера, проследена со квалитетна рок музика и храна и пијалок по поволни цени. На овој настан се очекуваат и голем број на мотоциклисти и клубови од цела Европа за кои е обезбеден бесплатен кампинг простор од страна на клубот.
POTFAT MC (PMC) е формиран во Гевгелија во 1998 година од група истомисленици составена од бајкери од Скопје и Гевгелија. POTFAT MC e првиот Македонски бек печ (back patch) MC, што значи првиот вистински MC формиран целосно според западни стандарди и правила на MC (клубовите), a воедно и првиот Македонски клуб кој носи троделни клубски бои на задниот дел на елеците; правило за сите членови на клубот. Денеска PMC има 4 ограноци, PMC „Мајчински Чeптер“ (Mother Chapter) Скопје, Chapter Струмица, Chapter Богданци, а од скоро и Chapter Битола. Клубот е активен преку целата година и во најразлични хуманитарни акции, a најблиску соработува со Црвен Крст на Република Македонија.