Ова се најекономичните автомобили според Британците
Британскиот рејтинг е направена врз основа на резултати од тестовите во реални услови на пат
Притиснати од построгите барања, автомобилските компании произведуваат се повеќе економични модели. Токму затоа, британските експерти направија рангирање на петте најекономични автомобили, врз основа на тест во реално време, но не и според податоците објавени од страна на производителите.
Peugeot 208 се напојува со 1.6-литарски BlueHDI дизел мотор. Автомобилот успеал да забележи рекорд за време на тестовите со полн резервоар (43 литри) патувајќи 2150 км или просечно по 2 литри на 100 км.
На второто место, британските експерти ја рангирале Vаuxhall Corsa со 1.3-литарски CDTI EcoFlex дизел мотор. Опцијата „проголта“ само 2,6 литри на 100 км.
Третата позиција е за Kia Rio. Три-цилиндерската верзија на моторот од 1.1 литри троши 2,7 литри на 100 км во комбиниран циклус.
Четвртото место е за Чешка и Škoda Fabia со 1.2-литарски турбо дизел. Иако има мала моќност, фановите на брендот ја ценат ниската потрошувачка – 3,4 литри на 100 км.
Листата на најдобрите пет во рангирањето ја затвора уште еден француски автомобил – Peugeot 308 со истиот мотор како и Peugeot 208, кој има поголем габарит и тежина. Моделот троши само 3,5 литри дизел гориво на 100 километри.