Продажбата на новиот Suzuki Jimny започнува следната година
Четвртата генерација на Suzuki Jimny последен пат беше видена на тестирање пред речиси една година
Според последните извештаи, овој модел ќе започне со продажба на почетокот од 2019 година, само неколку месеци по официјалната премиера, која, наводно, е закажана за Саемот за автомобили во Токио во месец октомври.
Јапонскиот производител на автомобили веќе го завршил производството на сегашната генерација за да има место за неговиот наследник. Новиот Suzuki Jimny ќе го задржи својот робустен, коцкаст дизајн, но ќе има подобро управување и модерен салон. Со AllGrip Pro на сите тркала, овој мал теренец не треба да има проблеми на недостапен терен.
Новиот модел ќе биде малку поголем од сегашната генерација или 135 милиметри поголем од Volkswagen Up!
Под хаубата, најверојатно, ќе располага со бензинскиот мотор од Baleno со турбополнач, со работен капацитет од еден литар, кој ќе развива околу 110 коњски сили.