Продажбата на Apple часовници би требало да се зголеми на крилјата на новиот часовник со атрактивен дизајн, но и на постарите модели кои ќе останат на продажба, но по пониска цена

Apple Watch Series 3

Fitbit неодамна претстави нов модел на паметен часовник, кој доаѓа со скоро сите опции кои корисниците денес ги бараат од овие уреди (единствено нема GPS) и повеќето технололошки новинари кои го имаат тестираат уредот заклучуваат дека Apple Watch го добил најопасниот конкурент, а некои дури го прогласуваат и за најдобар.

Само ден-два потоа откако се објавени овие рецензии „се јави“ Минг Чи Куо, аналитичар кој го следи Apple со години и чии извори досега се покажувале како многу сигурни, а повеќето од гласините кои тој ги објавил како точни. Според неговите извори, Тим Кук и неговиот тим ја подготвуваат следната генерација на паметниот часовник кој ќе биде презентиран во текот на третиот квартал од оваа година, веројатно за време на септемвриската конференција и претставувањето на новите модели на iPhone.

Apple Watch Series 4 треба да има нов трендовски дизајн, 15 отсто поголем екран во споредба со сегашниот модел (големина на уредот може да остане иста како и на претходните модели, но, наводно, рабовите околу екранот би биле помали), поиздржлива батерија и нови опции за следење на здравјето на корисникот. Иако тој не споменува поддршка за LTE, може да се претпостави дека, како и во случајот Apple Watch Series 3, уредот ќе се продава во две верзии – класична и со поддршка за LTE.

Apple во моментов доминира на овој пазар и во компанијата конечно можат да бидат задоволни од продажбата на третата генерација, а Куо за оваа година предвидува продажба на помеѓу 22 и 24 милиони часовници, што претставува зголемување од околу 30 отсто во однос на претходната година, додека на долг рок се смета дека продажбата ќе изнесуваат и 50 милиони годишно.

Во оваа компанија се надеваат на раст на продажбата на крилјата на новата генерација на часовникот со атрактивен дизајн и постарите модели кои ќе останат на продажба, но по пониска цена, што е особено важно, бидејќи за многумина токму цената на Fitbit Verse (200 долари) би можела да биде од големо значење при изборот на нов модел на часовник.