Американскиот ComSonics разви нов радарски уред, кој не само што може да ја мери брзината на возилото, туку е способен да ја фреквенцијата на која функционира испраќањето на СМС пораки, односно пренос на податоци. Се разбира, детектирањето на телефонски разговори се подразбира

Иако можеби на многумина оваа вест и не им се допаѓа, ова е секако добра вест, бидејќи употребата на мобилни уреди веќе е вистински проблем во сообраќајот. На пример, во САД, употребата на мобилен телефон е причина за 1,6 милиони несреќи, од кои 330 илјади се резултат на пишување пораки. Според официјалните податоци на Националниот совет за безбедност на САД, околу 660.000 возачи секојдневно недозволено користат мобилни уреди во САД во текот на возење. Она што е уште позагрижувачко е што пишувањето пораки додека се вози го зголемува ризикот од сообраќајна несреќа шест пати повеќе од возење во алкохолизирана состојба.

Токму затоа, во ComSonics одлучиле да стават крај на тоа. Имено, радарскиот уред ги детектира фреквенциите на кои работат мобилните телефони.

Иако полицискиот службеник на теренот треба само да ја фати фреквенцијата на текстуалната порака од автомобил за потврда, процесот не е толку едноставен, така да многумина се загрижени за противречностите кои можат да се појават. И покрај тврдењата на ComSonics дека радарските уреди нема да ја откријат содржината на текстот, бидејќи тие не се дизајнирани да ги дешифрираат информациите, многу критичари веруваат дека ова може да биде проблем.

Иако технологијата е способна да ги разликува фреквенциите кои се емитуваат при разговор и испраќање на пораки, постојат некои прашања кои сеуште немаат конкретни одговори во однос на точноста на радарот. Може ли уредот да утврди дали возачот или патникот пишува пораки? Дали радарот треба да се користи само ако возачот е сам во возилото? Што ако користи hands-free технологија при креирање на пораки?

ComSonics е свесен дека постојат одредени правни бариери кои треба да се решат пред практичната употреба на уредот. И покрај потенцијалните проблеми кои можат да се појават, целата намера е позитивна, бидејќи возачите кои користат мобилни телефони додека возaт претставуваат голема опасност на патиштата во моментов.