Околу 6.000 смртни случаи годишно во Германија се поврзуваат со азотни оксиди (NOx), објави Федералната агенција за животна средина, приложувајќи дополнителни докази во врска со ризиците од токсичните честички од дизел моторите

Оваа бројка најверојатно ќе стави дополнителен притисок врз производителите на автомобили и властите, кои се борат да се спротивстават на исчезнувањето на дизел-технологијата, во која германската автомобилска индустрија инвестираше милијарди евра.

Агенцијата за заштита на животната средина (UBA), исто така, објави дека азотните оксиди предизвикуваат болест на милиони луѓе годишно и дека нивоата на токсични честички во 70 градови се повисоки од поставените граници.

Автомобилската индустрија се потпира на дизелот како технологија која ја подобрува ефикасноста и ги намалува емисиите на јаглерод диоксид во флотата, а намерата беше да се купи време за префрлување на електрична енергија со помош на тоа.

Сепак, продажбата на дизел автомобили постојано опаѓа од стартот на аферата Dieselgate во 2015 година. Понатамошните истражувања открија дека вистинските нивоа на азотни оксиди, многу повеќе ги емитуваат дизел моторите од бензинците.

Германскиот суд минатиот месец пресуди дека градовите можат автономно да ги забранат дизел возилата на улиците, што е уште една одлука што ќе го забрза заминувањето на моторите со внатрешно согорување.