Со претставувањето на новиот, ултра агресивен концептен модел М8 Gran Coupe на овогодинешниот саем за автомобили во Женева кој е во тек, BMW на линијата М и дава сосема ново значење

Во овој случај, буквата М значи повеќе од се (more everything), како што наведува баварскиот производител. Покрај тоа што е динамичен автомобил со пет врати, овој концепт е олицетворение на луксузот.

Серија 8 ќе стане новиот предводник во гамата на BMW, па во склад со тоа комбинира спортски дизајн и елеганција, а М8 Gran Coupe верзијата дефинитивно ќе биде најмоќната варијанта.

Како што новите CLS и A-класа на Mercedes попримија нов дизајнерски стил, така ќе биде и со овој модел. Тој има помал клиренс, поширок е и изгледа многу „зло“, од кој агол и да се набљудува. Останува надежта дека BMW нема да направи значителни промени во серискиот модел.

Моделот изгледа многу динамично дури и кога се гледа од профил. Долгата хауба, долгото меѓуоскино растојание, опаѓачкиот кров и краткиот заден дел му даваат форма на спортско купе, додека испакнатините на лаковите на тркалата јасно даваат до знаење дека станува збор за навистина перформантен модел.

Треба да се споменат аеродинамичките оптимизирани ретровизори, златниот одсјај од прозорците, индексот „М” на решетките, дисковите на сопирачките исто така во златна боја, двете издувни цевки и специјалната боја која остава впечаток како да се менува од зелена во сивкасто сина боја, во зависност од аголот на гледање.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1zSlCA1Y7txrdi_hjiMw1thJ-DTt_T_L2″ maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Серискиот модел ќе биде претставен следната година.