MWC 2018: Реинкарнација на The Matrix „бананата“ на Nokia
Една од поочекуваните MWC презентации беше онаа на Nokia или HMD. Инженерите на компанијата напорно работеле и презентираа неколку паметни телефони, вклучувајќи и еден кој е реинкарнација во стилот на Nokia 3310
Во 1999 година се појави Nokia 8110, широко позната од филмот The Matrix, а многумина ја нарекоа „банана“.
Сега пед нас е Nokia 8110 4G, со впечатлива жолта боја и 2,4 инчен екран во боја. Уредот располага со Google Assistant, Google Maps и Google Search, како и неколку апликации за социјално вмрежување. Може да послужи како Wi-Fi hotspot и поддржува синхронизација на поштенските сандачиња и контактите на Google. Процесорот е Snapdragon 205, а батеријата има капацитет од 1500 mAh. Доаѓа во мај по цена од 79 €.
Nokia 1 првенствено е наменета за земји каде цената игра клучна улога.
Станува збор за прв вистински Android Go Edition паметен телефон, за кој луѓето од HMD дека работи беспрекорно. Телефонот има 4,5-инчен екран со резолуција од 480 x 854 пиксели, процесор MediaTek MT6737M, 1GB RAM, 8 MB ROM, батерија од 2150 mAh, 5 мегапикселна камера со LED блиц и 2 мегапикселна за селфи. На пазарот пристигнува на почетокот на април по цена од 75 евра.
Nokia 6 добива наследник со исто име.
Тука е Zeiss оптиката, отклучување на уредот со предната камера, Snapdragon 630 процесор, безжично полнење и брзо жичано – 50% од капацитетот за помалку од 30 минути. Доаѓа во три бои: Blue Gold, Black Copper и White. Глобалната продажба започнува во април по цена од 279 евра.
Nokia 7 Plus има 6-инчен FHD екран, вкупно три камери со Zeiss оптика од кои едната е телефото, Snapdragon 660 процесор, 4GB RAM меморија. Телефонот е направен од едно парче алуминиум со шест слоеви на боја. И Nokia 7 Plus пристигнува во април, а ќе чини 399 евра.
Моделот 8 Sirocco е главната ѕвезда на Nokia на MWC и доаѓа повеќе како надградба на Nokia 8 отколку како нов модел.
Дел е од платформата Android One, направен од комбинација на нерѓосувачки челик и Gorilla Glass, а има IP67 сертификат. На најдебелиот дел е куќиште од 7,5 mm, а кај помалку од 2 mm. Екранот е 5,5 инчен P-OLED со QHD резолуција, а процесорот е Snapdragon 835. Батеријата поддржува безжично полнење, а за аудио снимање се задолжени три HD микрофон. Верзијата со 6 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија ќе чини 749 евра, а продажбата ќе започне во април.
Сите паметни телефони на Nokia со Zeiss оптика ќе добијат напредна верзија на апликацијата за камерата – Pro Camera.