![Брз и едноставен трик како да одледите шофершајбна, а да не го изгребете стаклото / ВИДЕО](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2018/02/screenshot_from_2018-02-24_17-33-06.jpg)
Брз и едноставен трик како да одледите шофершајбна, а да не го изгребете стаклото / ВИДЕО
Ако немате спреј за одмрзнување на вашиот автомобил, лесно можете да го направите сами
Ако ве изненадат замрзнати стакла на автомобилот наутро, а не сте купиле спреј за одмрзнување, истиот може да го направите од само две состојки – вода и алкохол.
Додадете ги состојките во шише со додаток за распрскување во размер 2:1, или две третини алкохол и една третина вода. Со оваа мешавина испрскајте го замрзнатото стакло. За неколку секунди, мразот ќе омекне, така што лесно можете да го отстраните без стругање.