
Land Rover е подготвен со својот прв паметен телефон
Батеријата на уредот ќе издржува два дена без полнење дури и при интензивно разговарање
Jaguar Land Rover го направи својот прв паметен телефон. Уредот се вика Land Rover Explore, а неговото лансирање беше најавено уште во 2017 година. Land Rover Explore е заеднички развој со британската компанија за производство на електроника, Bullitt Group.
Креаторите на овој паметен телефон тврдат дека на него може да потпрете, што се однесува до сигурноста, исто како и на моделот Discovery, кој всушност и послужил како инспирација за неговото создавање. Телефонот доаѓа со оперативен систем Android и има 5-инчен екран со специјална заштита од пад од 1,8 метри.
Батеријата на уредот има капацитет од 4000 mAh и може да издржи два дена дури и со интензивна употреба. Исто така, се тврди дека Land Rover Explore е издржлив на свежа или солена вода, а работи и на многу ниски температури. Се разбира, паметниот телефон е споредлив со главните автомобилски апликации на Land Rover.
Светската премиера на Land Rover Explore ќе се одржи на 26 февруари на Светскиот мобилен конгрес во Барселона, а потоа и на саемот во Женева. Нарачки за него ќе се примаат од 26 април, а неговата цена е 649 евра.