Првите официјални фотографиите од Peugeot 508 откриваат дека новата генерација на овој модел ќе има повеќе стил и ќе биде помодерна

Гледано од предната страна или очи во очи со новата генерација, можеме да ја видиме познатата маска на ладилникот од чија лева и десна страна се поставени тесни фарови и LED дневни светла. Автомобилот сега има позаоблено ветробранско стакло кое заедно со кровот, на автомобилот му дава поспортски купе изглед.

Гледано од задната страна, првото нешто што се забележува е интегриран спојлер и тенка линија на светла со по три групи на вертикални LED линии од левата и десната страна кои се наклонети кон центарот на задниот дел. Кај верзијата GT под нив се наоќаат две хромирани издувни цевки.

Кога веќе станува збор за 508 GT, тој од стандардниот модел ќе се разликува по различниот дизајн на решетката, спортските прагови и специјалните алуминиумски фелни. Моделот исто така поседува црни „капаци“ на ретровизорите и затемнети прозорци.

Иако дизајнот на надворешноста е освежен, Peugeot 508 не претставува никаква револуција во тој поглед. Сепак, салонот е сосема друга приказна. Изгледа многу полуксузен споредбено со претходниот модел. Имено, кога ќе седнат зад уникатно дизајнираниот волан, возачите ќе се најдат опкружени со кожа и делови изработени од дрво. Автомобилот располага со дигитална инструмент табла, напреден инфо-забавен систем и Focal аудио систем. Да не го заборавиме и амбиенталното осветлување.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”16QdXWA3Hu055Y-ZfejHqxKZqa_XT8jTb” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Информации за погонските единицисеуште нема, но се очекува под хаубата, меѓу другите да се најдат и BlueHDi дизел мотори со волумен од 1,5 и 2 литри, како и неколку бензински мотори. Постојат гласини и за хибриден модел.