Повеќе стил за Mercedes-Benz G-Class AMG Line
Потполно новата Mercedes-Benz G-класа официјално беше претставена пред само неколку дена на саемот во Детроит, но тоа не го спречи производителот да го понуди и првиот опционален пакет на опрема – AMG Line
Оние кои ја познаваат понудата на автомобили на Mercedes, ќе го препознаат пакетот AMG Line кој исто се наоѓа и во понудата за моделите од C и E-класата. Сепак, за прв пат AMG Line доаѓа и за легендарниот теренец.
Овој пакет на опрема подразбира визуелни промени како внатре, така и надвор од автомобилот. За почеток, тука се новите AMG 20-инчни алуминиумски фелни и продолжени лакови над тркалата. Нов е и издувниот систем.
Во однос на промените во внатрешноста, тие се однесуваат првенствено на новиот управувач со црвени шевови, црвени појаси и црна или nappa кожа, исто така црна. Да не ги заборавиме и AMG патосниците.
Цената сеуште не е позната, но овој пакет на опрема наскоро ќе се појави на пазарот и преставува вистинско решение за оние кои сакаат премиум и спортска верзија на G-класата.