Porsche работи на нова платформа за електрични суперавтомобили
Според последните извештаи од компанијата, Porsche работи на развој на нова платформа на која ќе се базираат електричните спортски модели и суперавтомобили
Платформата ќе се дели со Lamborghini и Audi.
Новата платформа, специјално дизајнирана за електрични возила, ќе биде трета по ред од VW Group и ќе биде именувана како SPE, пишува изданието Automotive News.
Покрај перформантните електрични возила на компанијата Porsche, новата SPE платформа би можела да се најде и во идните модели, како што е електричната замена за Audi R8 e-tron, а веројатно и ново Lamborghini. Сепак, италијанскиот производител на суперавтомобили релативно неодамна го претстави концептот Terzo Millennio, електричен суперавтомобил на иднината.
Lamborghini Terzo Millennio concept
Еден од претставниците на VW потврдува дека Porsche навистина работи на развој на нова платформа за електрични возила, но вели дека е премногу рано да се зборува за детали.