Некои од нив пред само 10-тина години претставуваа луксуз

Не толку одамна бришач на задното стакло или електричен пакет за задните стакла беше дел од опционалната опрема. Сега овие додатоци влегуваат во основната верзија на речиси сите нови модели. Технологијата оди напред, а работите што некогаш изгледаа можеби непотребни, денес се задолжителни.

Еве ги опциите за кои се смета дека мора да ги има секој нов автомобил. Веднаш да напоменеме дека скапите и луксузни автомобили преполни со речиси се и сешто што човек може да замисли се намерно изоставени. Евтините модели исто така се изоставени, од причина што кај нив се што е направено е со цел постигнување минимална цена.

1. Систем за стабилизација

Овој електронски систем е добро познат под кратенката ESP, понекогаш и како ESC, VSC, VDC, DSTC, DSC. Неговата главна цел е задржување на траекторијата на возилото во согласност со насоката зададена од возачот преку системот за управување. Ако одреден модел располага со овој систем, тоа претпоставува и присуство на ABS (систем против блокирање).

Системот ESP работи со ABS сензорите кои ја одредуваат брзината на секое тркало. Постојат и сензори кои ја мерат положбата на воланот и педалите, така да сите заедно овозможуваат електрониката да ја анализира состојбата на возилото и намерите на возачот. Ако системот одлучи дека тие се во противречност, тогаш истиот започнува да го намалува ротирањето на одделни тркала и ги намалува вртежите на моторот додека возилото не тргне во насока зададена од возачот.

2. Странични воздушни перничиња

Сите модерни автомобили се опремени со предни воздушни перничиња. Меѓутоа, многу производители штедат на страничните воздушни перничиња. Патниците имаат речиси еден метар слободен простор, но во исто време тие се на само неколку сантиметри од металните делови на автомобилот. Дури и ако каросеријата е дизајнирана така да спречи голема деформација при удар, таа не може да ги запре силите на инерција и да ги заштити патниците од нив.

Во случај на сериозна сообраќајна незгода, заштитните ремени не ја заштитуваат главата. Токму од таа причина страничните воздушни перничиња се многу важни во овој случај, бидејќи сигурно ќе го намалат ризикот од сериозни повреди.

3. Паркинг сензори

Возењето наназад е еден од најтешките елементи за некои од возачите. Има луѓе кои, дури и по многу години зад воланот, тешко се справуваат со овој дел. Ситуацијата се влошува во случај на ограничен простор за маневрирање. Токму затоа, инсталацијата на задни паркирани сензори е голема помош за неискусните или „некомплетни“ возачи.

Технологијата оди напред па задна камера е уште подобро решение. Да не го споменуваме автоматскиот систем за паркирање, кој самиот наоѓа простор, а од возачот се бара само да притисне на педалата од сопирачката по маневрирањето.

4. Прилагодлив волан

Отсуството на ваква карактеристика изгледа како анахронизам, но сепак постојат модели (дури и поскапи) кај кои воланот може да се прилагоди само по височина. Ова создава проблеми за некои луѓе – особено за оние со нестандардно тело на кој им е многу тешко да најдат удобна положба зад воланот. Прилагодувањето на педалите, кое е достапно во поскапите модели, исто така е многу корисна опција.

5. Систем за пристап без клуч

Овој систем овозможува возилото да се отклучи со само едно притискање на копче на клучот. Навистина нема смисла да се објаснува зошто оваа функција е добра – олеснет пристап до автомобилот, особено во ладно време или во текот на ноќта… Во повеќето случаи, системот е поврзан со алармот на автомобилот, па така со едно копче се отвора вратата и се исклучува сигнализацијата.

6. Греење на седиштата

Функција која се разбира е особено корисна при значително ниски температури во зимата. Удобноста е многу важна не само за возачот, туку и за патниците, така што затоплувањето на седиштата е задолжително, особено кога седиштата се кожни.

7. Систем за навигација

Факт е дека современите паметни телефони нудат различни апликации кои ја заменуваат навигацијата на автомобилот. Сепак, има некои бенефити и од неа. Главната работа е тоа што се наоѓа на погодно место и возачот не мора премногу да го трга вниманието од патот за да види што е следно на приказот. Навигацискиот систем на автомобилот е поголем, приказот исто така.

8. USB порта

Имањето USB порта го прави патувањето поедноставно, бидејќи, на пример, можете да ја вчитате вашата омилена музика на флеш кој можете да го активирате во секое време. Теоретски, може да се користи и SD слот, но не постои начин во него да се вметне полнач за паметен телефон или врска до друг уред што сакате да го вчитате за време на патувањето.

Loading...

AnimeTV top anime tv: Umibe no Étranger (https://animetv.cc/m/aEZ1) Episode Full

AnimeDao weathering with you animedao: Watch A Silent Voice Episode Full (https://animedao.nl/m/23kY/ep-1)