SanDisk го претстави најмалиот USB-C флеш диск во светот
SanDisk го има прототипот на она што треба да биде најмалиот USB-C флеш диск во светот
На најголемиот саем за потрошувачка електроника (CES), кој се одржува секоја година во Лас Вегас, меѓу сите телевизори, лаптоп компјутери и разни други гаџети, се е поголем изборот на мини уреди со голем капаците за чување на податоци.
Така и SanDisk оваа година на CES 2018 го претстави најмалиот USB-C флеш диск чија меморија е 1 TB.
За да се избегне секаква конфузија, ова не е флеш диск со најголема меморија, бидејќи таа титула му припаѓа на Kingston Data Traveler Ultimate GT чија меморија е 2 TB (претставен минатата година на исто место), но ова е во моментов најмалиот USB-C флеш диск со меморија од 1 TB.
Работниот прототип на SanDisk USB 3.0 технологијата ја заменил со USB-C технологија, така што корисниците ќе можат директно да префрлуваат содржини на компјутер или паметен телефон со Android оперативен систем.
Бидејќи овој Flash Drive во моментов е прототип, сè уште не е познато кога ќе се појави на пазарот и по која цена. Сепак, со оглед дека цената на USB-C SSD со 1TB чини 350 американски долари, тешко е да се замисли дека овој модел на SanDisk ќе биде ценовно подостапен.