Renault новиот Megane RS официјално го претстави на саемот за автомобили во Франкфурт во месец септемвриминатата година, за дури сега, пред почетокот на продажбата, да станат познати перформансите и цените за овој спортски автомобил

Како што веќе е познато, Megane RS под хаубата носи 1.8-литарски турбо бензински мотор кој ја замени 2.0-литарската турбо единица од Megane RS од претходната генерација. Новиот мотор произведува 280 КС и 205 Nm максимален вртежен момент.

Во пресрет на почетокот на продажбата во Европа, Renault открива дека новиот Megane RS од 0-100 km/h забрзува за 5,8 секунди, а цените започнуваат од 37.600 за верзијата со мануелен менувач, односно 39.400 евра за моделот со опционалниот автоматски менувач со двојна спојка (DCT).

Овие цени се однесуваат за основниот спортски пакет, додека за понапредниот Cup пакет со поцврста суспензија, диференцијал со ограничено пролизгување и Brembo сопирачки со црвени „вилушки“ треба да се платат дополнителни 1.500 евра.

Листата на дополнителни опции вклучува 19 инчни алуминиумски тркала (1000 евра), Alcantara навлаки на седиштата (1500 евра), специјална жолта или портокалова боја на екстериерот (1.600 евра), Bose аудио систем (600 Bose), RS Monitor систем (250 евра), RS Monitor Expert систем (450 евра), head-up дисплеј (400 евра).

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”0B5iJsFfPzdPbWUJJeU1mQzA2c3c” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Првите примероци на Megane RS за 2018 година, со DCT ќе бидат доставени до нивните сопственици во февруари, а оние кои нарачале или ќе нарачаат верзија со рачен менувач ќе мора да почекаат на својот автомобил до пролет.