Дали овие иновации навистина ќе придонесат за подобар квалитет, поефикасен и полесен живот и воопшто промена на светот во кој живееме?

Еден од најбогатите луѓе во светот и основачот на Microsoft, Бил Гејтс, откри шест иновации кои, според него, може да го променат човештвото.
Повеќето работи на листата на Гејтс немаат никаква врска со компјутерите, туку со нашето здравје и подобрување на животот.

Подобри складишта за вакцини

Вакцините спасиле милиони животи низ целиот свет, но брзо се расипуваат ако не се чуваат на добри температури. Група научници од компанијата Global Good од Сиетл креирале иновативен ладилник наречен MetaFridge. Ладилникот е специфичен по тоа што може да остане ладен ако подолг временски период остане без струја, па вакцините во него нема така лесно да се расипат. MetaFridge работи и на преносни вентилатори, така што докторите можат да ја носат вакцината и на подалечни места.

Едитирање на генот

Замислете ја иднината во која би можеле да земеме ДНК од болна личност, да ги отстраниме гените кои ја предизвикуваат болеста и на тој начин да ја излечиме или, на пример, да се отстранат гените од комарците кои предизвикуваат маларија, објаснува Гејтс.
Уредувањето на гените е сеуште во рана фаза од развојот и вклучува голем број прашања за тоа како да се користи оваа технологија на одговорен и етички начин.

Соларно гориво

Ако сакаме да се одвикнеме од нашата зависност од фосилни горива и климатските проблеми што ги предизвикуваат, потребни ни се повеќе различни пристапи. Неодамна ја посетив лабораторијата во Институтот Caltech, каде што научниците се обидуваат да најдат начин да ја претворат соларната енергија во гориво, вели Гејтс.
Сè уште сме далеку од моментот кога ќе возиме автомобили на соларно гориво, но креативниот пристап на научниците од Институтот Caltech на Гејтс му даваат надеж дека во блиска иднина ќе се успее да се постигне енергетско чудо.

mRNA вакцини

Повеќето од денешните вакцини користат ослабени или неактивни форми на вирус за да го стимулираат нашиот имунитет да произведува антитела и да ја спречи болеста. Сепак, научниците сега се обидуваат да користат генетски материјал кој може да го забрза и да го поефтини развојот на нови вакцини.
Ако успееме да го научиме нашето тело да создава свој сопствен механизам на одбрана, тоа ќе ни помогне целосно да спречиме појавување на болести.

Подобрено внесување на лековите

Ако треба да земате лекови секој ден во исто време, тогаш знаете колку понекогаш е лесно да се заборави да земе пилулата, вели Гејтс.
Компанијата Intarcia направила мал уред кој се всадува под човечката кожа и полека ги ги ослободува лековите во крвотокот во одреден временски период.
Постојат неколку начини на кои оваа технологија може да се користи за превенција и контрола на болести, а Гејтс укажува дека овој уред може да биде особено корисен за луѓето кои се изложени на ХИВ. Еден имплант лице оболено со ХИВ може да го штити дури една година.

Вештачка интелигенција

Од сите иновации на оваа листа, сигурен сум дека ова целосно ќе го трансформира нашиот начин на живот, истакна Гејтс.

AI ќе создаде нови предизвици на кои ќе треба да посветиме внимани, додава основачот на Microsoft, вклучувајќи ја и промената на струката на луѓето кои ќе останат без работа поради автоматизацијата.
Верувам дека вештачката интелигенција ќе го направи нашиот живот попродуктивен, поефективен и полесен, заклучува Бил Гејтс.