Од полноќ ново поголемо намалување на цената на горивата!
Со новата одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,20% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 20.04.2022 година
- Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.04.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,50 ден/лит.
- Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.04.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71,00 ден/лит.
- Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.04.2023 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 70,00 ден/лит.
- Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,028 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.04.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,437 ден/кг
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 3,666% или за 32,100 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 6,122 или за 47,700 $/тон, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 6,120% или за 46,200 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,865% или за 4,150 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 56,1398 ден/$ и е за околу 0,064% повисок од курсот на доларот (56,1042 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.