Tesla ги намали цените на своите електрични возила во голем број европски земји. 

Сега вакви корекции на цените се прават и во Германија, по којзнае кој пат за релативно краток временски период.

Затоа, намалувањето на цените што го направи Tesla, ако се вклучи и владиниот дел од бонусот за заштита на животната средина, е навистина значителен.

За моделите X и S сите варијанти ќе бидат поевтини за 10.000 евра. Затоа, тука се можни значителни заштеди, а цената на базниот Model 3 е исто така намалена и сега е достапен за 38.470 евра со еколошки бонус. Опремен со максимален опсег, Model 3 сега чини 47.470 евра. Покрај Model 3, S и X, намалена е и цената за верзијата со зголемени перформанси на Model Y. Сега чини 57.470 евра.

Компанијата соопшти дека не сака да го намали квалитетот на возилата и покрај намалувањето на цената. Значи, засегнатите страни не треба да очекуваат ограничен опсег на функции. Тие ќе имаат целосен пристап до системот на Tesla, вклучувајќи ја апликацијата Tesla, ажурирањата, мрежата Supercharge или мобилната услуга, исто така, по намалени цени.

Последен пат цените на Tesla беа намалени во јануари. Tesla тогаш тоа го оправда со оптимизации во производниот процес кои би ги намалиле трошоците за производство. Но, се претпоставува дека улога одиграл и притисокот од зголемената конкуренција.