Извршниот потпретседател вели дека инженерите на компанијата работат на следната генерација plug-in хибрид со електричен опсег од над 200 km

Toyota влегува во повисока брзина на електрификација, со нова политика на управување, ставајќи силен фокус на електричните возила

До 2026 година ќе бидат претставени 10 модели, вклучувајќи SUV со три реда за САД планиран за 2025 година. Во меѓувреме, Азија и пазарите во развој ќе добијат електричен пикап и компактен модел пред крајот на оваа година.

Извршниот потпретседател Хироки Накаџима вели дека инженерите на компанијата работат на следната генерација на plug-in хибрид со целосно електричен опсег од над 200 километри. Највисокиот функционер на Toyota не го споменува тест циклусот, но без разлика дали станува збор за WLTP или EPA, новите plug-in хибридни возила на компанијата ќе добијат сериозен поттик во однос на чистиот електричен опсег.

Од Toyota велат дека нивниот нов PHEV ќе биде репозициониран како „практичен BEV“, додека обичните хибриди ќе бидат надградени со фокус на висок квалитет и достапност.“ Во меѓувреме, се работи на следната генерација електрични возила со батерии што ќе пристигнат во 2026 година со двојно зголемен опсег во споредба со постоечките модели.