„Ќе ја претвориме Европа во Куба, каде што можете да види стари автомобили на патиштата. Нормалните луѓе нема да можат да купат нови автомобили“

Iveco е еден од гигантите на европската автомобилска индустрија. Голема компанија специјализирана за производство и продажба на лесни, средни и тешки комерцијални возила. Првиот шеф на оваа компанија, чие седиште е во Торино, даде неколку контроверзни изјави во кои ја анализира комплицираната ситуација низ која минува секторот, а особено мапата на патот поставена од Европската унија.

Герит Маркс, извршен директор на Iveco, коментира за она што несомнено е контроверзност на годината – европската одлука да се забрани продажбата на нови бензински и дизел автомобили (и ванови) од 2035 година.

Одлуката конечно беше усвоена откако Германија го повлече ветото по постигнувањето договор за воспоставување на исклучок за синтетичко гориво, т.н. „е-горива“.

Синтетичките горива ќе овозможат опстанок на моторот со внатрешно согорување. Сепак, тоа не значи дека тие ќе бидат достапни за секого. Маркс предупредува дека синтетичките горива се прескапи и затоа недостапни за мнозинството од европската популација. 

„Ако имате Ferrari или возите Porsche Turbo еднаш во викендот, нема да ви биде важно дали литар чини 5 или 8 евра, но тоа е горивото на иднината“.

Извршниот директор на Ivecо ја гледа стратегијата за емисии поставена од Европа како многу ризична. Особено во она што тој го дефинира како „нефункционалниот политички систем во Брисел“. Маркс особено го истакнува недостатокот на координација помеѓу агенциите на ЕУ кои се занимаваат со технологија, емисии и транспорт.

Еден од најконтроверзните коментари на лидерот на Ivecо предупредува на опасноста од вештачко промовирање на преминот кон електрични автомобили напојувани од батерии и/или синтетички горива. Состојба која може да доведе до намалување на процесот на обновување на возниот парк. 

„Европа ќе ја претвориме во Куба, каде на патиштата се гледаат стари автомобили. Нормалните луѓе нема да можат да купуваат нови автомобили“.

Последно, но не и најмалку важно, Маркс уверува дека синтетичките горива нема да помогнат Европа да се „откачи“ од земјите што моментално ја снабдуваат со фосилни горива. 

„Погодете кој сака да стане број еден производител на синтетички горива – Саудиска Арабија. Ние само заменуваме еден извор на енергија со друг, но од истиот регион“.