Hyundai Ioniq 6 е „Светски автомобил на годината“ за 2023 година / ВИДЕО
Откако минатиот месец беше објавена скратената листа на финалисти за овогодинешниот избор за „Светски автомобил на годината за 2023 година“, вчера во Њујорк беа објавени победниците во сите категории.
Така, Hyundai Ioniq 6 е избран за Светски автомобил на годината за 2023 година, а зад него се пласираа финалистите Kia Niro и BMW X1/iX1. Покрај тоа, Ioniq 6 ги освои титулите за „Светски автомобилски дизајн на годината“ и „Светски електричен автомобил“, додека шефот за дизајн на Hyundai и Genesis Sangyup Lee стана лице на годината.
Ова е втора година по ред како Hyundai ја освојува севкупната награда за „Светски автомобил на годината“, по успехот на Ioniq 5 минатата година.
World Car of the Year / World Electric Vehicle / World Car Design of the Year
Понатаму, Kia EV6 GT е избран за „Светски автомобил на годинтата“ за 2023 година, пред Toyota GR Corolla и Nissan Z во категоријата на најперформантни модели.
World Performance Car
Други победници на овој избор за 2023 година се Citroen C3 кој е најдобар во категоријата „Светки урбан автомобил“ и целосно електричниот Lucid Air во категоријата „Светски луксузен автомобил на годината“.
World Luxury Car
World Urban Car
Сите претходни победници на натпреварот за Светски автомобил на годината:
- 2023: Hyundai Ioniq 6
- 2022: Hyundai Ioniq 5
- 2021: Volkswagen ID.4
- 2020: Kia Telluride
- 2019: Јагуар I-Pace
- 2018: Volvo XC60
- 2017: Јагуар Ф-Пејс
- 2016: Mazda MX-5
- 2015: Mercedes C-klasa
- 2014: Ауди А3
- 2013: Volkswagen Polo
- 2012: Volkswagen Polo
- 2011: Нисан Лиф
- 2010: Volkswagen Polo