Враќање на корените: Светска премиера за новиот Renault Espace / ФОТО+ВИДЕО
Новиот Renault Espace стана хибрид со автономија од 1.100 километри
Станува збор за шеста генерација (за прв пат претставен во 1983 година) која ја напушта филозофијата на миниван и сега доаѓа во атрактивна SUV форма.
Основата на новата генерација е Renault Austral, а ако сакаме да ги поедноставиме работите – моделот е продолжена верзија на Austral, достапна во верзии со пет и седум седишта.
Новиот Espace е поставен на CMF-CD платформата, на која меѓу другите се тркалаат Megane, Koleos, Scenic, Austral, Nissan Qashqai и X-Trail.
Новиот Renault Espace e долг 4,72 метри – што значи дека е 14 сантиметри пократок од стариот Espace, но просторот за патниците сега е подолг (2,48 метри до третиот ред седишта). Патниците во вториот ред ќе можат да уживаат во дури 32 сантиметри простор за колената, додека во третиот ред на седишта, кој доаѓа без дополнителни трошоци, исто така ќе има доволно простор за колената (12,8 сантиметри). Влегувањето во третиот ред е олеснето бидејќи седиштата во вториот ред може да се преклопат и да се поместат 26 сантимети напред.
Ако ги поместите напред, волуменот на багажникот на верзијата со пет седишта ќе се зголеми на 777 литри, а со преклопување на третиот ред седишта во рамниот под, можете дополнително да ја зголемите големината на багажниот простор.
Во споредба со претходната генерација, новиот Espace има помали надворешни димензии, полесен е за 215 kg и доаѓа со ефикасен E-Tech хибриден мотор од 200 КС. Неговата мала потрошувачка на гориво (4,6 l/100 km) е одговорна за досег до 1100 km, без потреба од полнење на батеријата.
Хибридниот E-Tech мотор се состои од 1,2-литарски 3-цилиндерски бензински турбо мотор (130 КС/205 Nm) и два електрични мотори: главен електромотор (70 КС/205 Nm) кој се напојува од литиум-јонска батерија од 2 kWh/400 V (за возење на електричен погон) и високонапонски електричен стартер-генератор (25 КС/50 Nm) кој го стартува термичкиот мотор и овозможува менување на брзините.
Со автоматско придвижување во 100 проценти електричен режим и собирање енергија при секое забавување и сопирање, овој мотор ви овозможува да возите до 80 проценти од времето во градот на електрична енергија и со тоа да ја намалите потрошувачката на гориво до 40 проценти.
Espace е опремен со 27 системи за помош при возење, вклучувајќи Multi-Sense и 4Control Advanced систем за управување со четири тркала.
Сите генерации на моделот Espace
Новиот Espace ќе се произведува во фабриката во Паленсија, која беше целосно модернизирана за година и пол реновирање и сега има 400 нови роботи (покрај 900-те постоечки).
ФОТО ГАЛЕРИЈА
Цените сè уште не се дефинирани, а нарачките започнуваат веќе оваа пролет.