Caterpillar 994K, со 1.764 КС троши 1.000 литри дизел гориво за 12 часа за една литиум-јонска батерија за електричен автомобил

Дека електрификацијата на автомобилите нема многу врска со чистата зелена енергија покажува и фактот за потрошувачката на дизел гориво од работна машина која ја копа земјата за да дојде до потребните руди за производство на литиум-јонски батерии.

Работниот лист на монструозниот Caterpillar 994 со 1.764 КС е најдобриот нем сведок на општото лудило кое не зафаќа.

За да се ископаат и натоварат 250 тони земја потребни за производство на ЕДНА литиум-јонска батерија за електричен автомобил, овој Caterpillar троши дури 1.000 литри дизел гориво за 12 часа работа.

За тоа време преку себе префрлил околу 12 тони руда за литиум, 15 тони кобалтна руда, 3 тони руда за никел, 12 тони руда за бакар, со јаловина, вкупно 250 тони од земјината кора.

Тие 250 тони потребни за производство на ЕДНА литиум-јонска автомобилска батерија, на крајот содржат околу 12 кг литиум, 30 кг никел, 22 кг манган, 15 кг кобалт, 100 кг бакар, 200 кг алуминиум, челик и пластика.

 „Собирачите“ на секундарни суровини, тријат раце, катализаторите и затегнувачите на електричната мрежа на пругите се само грдо, слабо профитабилно минато!

Извор: Вреле гуме