Има и тоа – NUDE CAR SHOW! Запознајте се со најлудата средба на љубителите на автомобили во светот
Nude Car Show своето 30-то издание го одржа во 2019 година, а по двегодишна пауза настанот продолжи со своето годишно издание
Во светот има многубројни, различни собири на автомобилски ентузијасти, а правилата се секогаш исти – да се собереме што повеќе, да покажеме што имаме и убаво да си поминеме. Така е и на Nude Car Show, но со една „мала“ разлика од сите други: забранети се облеката и мобилните телефони.
Така што дефинитивно има многу големи шанси никој да не ви го изгребе автомобилот на овој состанок, со оглед на тоа што се одржува без облека, велат од Натуристичкото друштво.
Имено, гратчето Кембриџ во Висконсин (САД) е место каде со години се собираат нудисти љубители на автомобили, со цел меѓу другото да ја покажат својата страст кон металните миленичиња. Од 10-ти до 13-ти август, стотици, па дури и илјадници луѓе ја фрлаат својата облека секоја година за да ја прослават својата љубов кон сите видови возила, стари или нови.
Во рекреативниот клуб Valley View во Кембриџ, Висконсин, настанот започнува со караоке забава, проследена со лотарија. Потоа се наградуваат учесниците со најдобрите возила, а се завршува со парада на возила. Мобилните телефони, се разбира, не се дозволени.
Организаторите велат дека „бројот на автомобили варира од година во година, а во тоа голема улога има и времето“. Цените на билетите за оваа година се уште не се потврдени. Сепак, лани влезот на собирот чинел 45 долари (42 евра) дневно. Тридневниот пакет, кој не вклучува пристап до првата караоке забава, чинел 110 долари (102,80 евра).
Ако не сакате да плаќате за ноќевање и претпочитате да спиете, на пример, во приколка, дневните цени се меѓу 20 и 30 долари, во зависност од вашето возило. Сепак, имајте предвид дека овие такси не значат дека сте ослободени од плаќање за да присуствувате на автомобилските свечености.
Nude Car Show го одржа своето 30-то јубилејно издание во 2019 година, а по двегодишна пауза, настанот продолжи со своето годишно издание. Рекреативниот клуб Valley View се гордее со тоа што е заедница погодна за голотија, па дури и има правила за присутните, кои се предупредуваат да не носат никаква секси облека бидејќи „тоа е семеен собир“.