Електричниот наследник на Lamborghini Urus потврден за 2029 година
Извршниот директор на Lamborghini, Стефан Винкелман, на медиумите им откри детали за иднината на брендот и неговите планови за електрификација
Најпрво, потврдено е дека електричниот наследник на Urus ќе влезе во продажба во 2029 година. Lamborghini претходно ги изнесе општите планови за преминување во електрична иднина, но без да открие повеќе детали. Годинава ќе претстават хибриден суперавтомобил, а тоа всушност ќе се случи кон крајот на месецов кога Lamborghini ќе го претстави наследникот на Aventador.
Исто така, компанијата сака да има целосно електрифициран опсег до 2025 година.
Во текот на 2028 година, првото целосно електрично Lamborghini ќе се појави на сцената во форма на супер гранд турер 2+2. Тоа значи дека електричниот автомобил кој ќе го замени сегашниот Urus ќе биде второто Lamborghini на батерии.
Винкелман во разговор со новинарите изјави дека „во 28-ма и во 29-та година ќе ги имаме првите два целосно електрични модели (BEV)… Ќе имаме четврти модел, додека денес имаме три модели. Тоа ќе биде првиот целосно EV автомобил во 2028 година. А потоа новиот Urus ќе пристигне во 2029 година“.
Овој потег значи дека последните два Lamborghini модели кои ќе бидат целосно електрични ќе бидат двете линии на брендот кои најмногу се фокусираат на перформансите. Додека го чекаме наследникот на Aventador, Винкелман исто така потврдува дека замената за Huracan навистина ќе биде plug-in хибрид.
Покрај тоа, Lamborghini веќе тестира и plug-in хибридна верзија на актуелниот Urus.
Сите овие потези ќе му помогнат на Lamborghini да ја постигне својата цел за драстично намалување на емисијата на издувни гасови. Винкелман конкретно истакнува дека двете електрични возила ќе помогнат да се намалат емисиите за околу 80 проценти во споредба со она што го автомобилите на компанијата го произведуваат денес.