Не сте ја платиле ратата за кредит за автомобил? „За почеток, ќе ви го исклучиме клима уредот…“
Доколку сопственикот го игнорира првото предупредување, следуваат драстични мерки, па дури и губење на возилото
Американски Ford поднел патентна пријава која сигурно нема да ги израдува нивните клиенти.
Станува збор за патент наречен „Системи и методи за враќање на возилото“, а како што открива самото име, станува збор за метод за враќање на автомобилот во банка доколку сопственикот редовно не плаќа рати од кредитот.
Според The Drive, споменатиот систем би можел да се инсталира на секое возило и со тоа да ја оневозможи функционалноста на една или повеќе компоненти на возилото.
Ако се игнорираат предупредувањата за неплаќање, автомобилот може да почне да ја губи функционалноста. Првите одземени функции би биле „ситни непријатности“ како климатизација, темпомат, електрични прозорци и функции на инфозабавниот систем (радио, навигација…), но следното ниво е многу посериозно.
Вклучува блокирање на системот за автоматско заклучување и отклучување на вратите, блокирање на палењето на моторот, а има и опција за „континуиран вознемирувачки звук“ кога возачот седи во автомобилот.
Но, тоа не е се.
Доколку го преживее сето ова, а уплатата сè уште не биде примена, сопственикот би можел да остане без автомобилот. За возилата со можности за полуавтономно возење, системот би можел да го премести возилото од една локација на друга за да може шлеперот да ја заврши својата работа и да го врати возилото во банка. Ако возилото е понапредно и има можност за самостојно возење, возилото само ќе се одвезе каде и да треба.
Ford е единствениот производител на автомобили кој патентирал вакво нешто.