Tesla планира да изгради објекти со ресторани, drive-in кино и станици за полнење
За време на настанот за „Денот на инвеститорите“, Tesla откри неколку интересни детали за своите идни планови
Еден од најинтригантните планови е визијата за идна локација која ќе вклучува ресторан, кино и станица за полнење електрични возила. Планот е прикажан само неколку секунди, но исто така навестува можни безжични drive-over точки за полнење. Сепак, засега има многу малку детали.
Мрежата за полнење на Tesla се смета за најнапредна во светот и има најдобро корисничко искуство, но компанијата продолжува да бара начини да го подигне искуството на уште повисоко ниво. Затоа, замислена е локација со ресторан и drive-in кино во која посетителите ќе уживаат додека ги полнат своите електрични возила.
Извршниот директор Илон Маск со оваа идеја е уште од 2018 година, кога првпат ја спомна. Минатата година Tesla ја достави потребната документација до градот Лос Анџелес за изградба на локација на булеварот Санта Моника. Плановите беа брзо откриени, па објектот ќе има два ката, два различни филмски екрани и 28 станици со суперполначи.
Сепак, сè уште нема индикации кога би можел да биде отворен првиот објект на Tesla.
Во плановите е забележан и Model S паркиран во гаража што има технологија за безжично полнење. Очекувано, никој од Tesla не ги открива деталите.