Наречена „Project Mondo G“, уметничката инсталација е претставена „Moncler“ ревијата која се одржа во Велика Британија

Дали некогаш сте виделе некој во бела пуфер јакна и сте си помислиле: „Тие личат на маскотата на Michelin“. Некој во Mercedes веројатно да, бидејќи неговата последна соработка со светот на модата е уметничко дело што го спојува стилот на пуфер јакна со автомобилскиот дизајн.

Наречена „Project Mondo G“, уметничката инсталација беше претставена на ревијата на Moncler наречена „The Art of Genius“ која се одржа за време на Лондонската модна недела во Велика Британија. Концептното уметничко дело би требало да биде неочекувано симпатично и за Mercedes и за moncler, според Брита Сигер, шефица за маркетинг и продажба на Mercedes.

„Многу сме возбудени поради соработката со Moncler за да создадеме уште еден „X-factor бренд момент“. Ние во Mercedes-Benz сме посветени на ангажман во културата и општеството“, рече Сигер. „Нашата ко-креација со Moncler нуди неочекувано искуство за двата бренда. Оваа дебитантска соработка со Moncler отвора нови хоризонти и потенцијал за повеќе новини“.

Mercedes-Benz x Moncler collaboration. Presenting the art piece PROJECT MONDO G February 2023. Image: Thibaut Grevet for Mercedes-Benz.

Тимот зад проектот Mondo G вели дека се игра со контрастите помеѓу праволинискиот дизајн на теренецот и мекиот, заоблен дизајн на јакната. Mercedes вели дека ова создава „спој на спротивности“, што ја претвора G-класата во скулптура.

Заедно со масивните, зашиени тркала и слично зашиениот покрив што ги преувеличува пропорциите на G-Class, Project Mondo G има и бројни посуптилни детали. Тие вклучуваат патент на покривот, многу тереснки подигнат довод за воздух и патинирана надворешност на возилото, што го прави повеќе како вистински SUV.

„Две моќни луксузни марки нудат извонредно ново искуство со спојување на автомобилскиот и модниот свет обединети во едно парче“, вели Горден Вагенер, шеф за дизајн на Mercedes. „Поради предимензионалниот и претеран јазик на формата, уметноста се поларизира за да постави нови импулси и трендови“.