Германците предвидуваат доминација на електричните возила, но не ги сметаат за пожелни!
Само 22 отсто од испитаниците сметаат дека доминацијата на електричните автомобили е пожелна
Германските граѓани го кажаа своето. Според истражување на агенцијата Allensbach за Германската академија за наука и технологија, мнозинството од испитаниците (во истражувањето учествувале вкупно 1.006 граѓани) се убедени дека електричниот погон ќе преовлада во следните десет години, но само 22 отсто го сметаат тоа за пожелно. Купувањето електричен автомобил е основна опција за 23 проценти од луѓето. Главни причина за резервираноста кај луѓето се набавната цена, премалку станици за полнење, скапата струја и сомнежите за еколошката рамнотежа. Според истражувањето, автомобилот е нешто без што не се може за 72 отсто од анкетираните, а 47 отсто го користат секојдневно, уште 23 отсто неколку пати неделно.
Во големите градови, 30 проценти сметаат дека автобусот и возот се сериозна алтернатива. Во селата тој удел е 14 проценти. Дури 52 отсто од редовните корисници сметаат дека јавниот превоз е скап.