Проблемот е кај околу 800 сопственици на моделот Taycan кои времето го поминуваат во ладни кабини

Многу сопственици на Porsche зимава ќе поминат многу километри во ладна кабина. Околу 800 сопственици на моделот Taycan, главно во Велика Британија, се нашле во тешка ситуација бидејќи греењето во нивниот автомобил не работи. Своите заеднички проблеми ги споделуваат на социјалните мрежи, каде не ја кријат својата огорченост и бараат итно решение на ситуацијата.

Според AutoExpress, сопствениците го предупредиле локалниот претставник за проблемот, но решение нема – бидејќи потребните делови едноставно не се достапни!

На нив може да се чека и до неколку месеци.

Со официјално соопштение излезе и претставникот на Porsche во Велика Британија:

„Забележавме дефект во системот за греење koj потенцијално може да влијае на моделот Taycan. Постои можност функциите за греење и одмрзнување да не се достапни, а топлината може да се добие само во ограничен обем. За жал, тековните проблеми со синџирот на снабдување може да доведат до доцнење во испораката на потребните делови, a поправките може привремено да се одложат. Вложуваме максимални напори за да се реши ситуацијата“, се вели во соопштението.

Porsche, исто така, соопшти дека се обидува на клиентите кои неможат да ги загреат своите возила да им обезбеди заменски возила.