Ново поголемо намалување на цената на дизелот од полноќ!
Со новата одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,16% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 06.02.2022 година
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.02.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 76,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.02.2023 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 75,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.02.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 84,00 ден/лит и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,411 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,271% или за 19,350 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 4,708% или за 40,250 $/тон, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 4,532% или за 37,650 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 0,836% или за 4,000 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 56,6789 ден/$ и е за околу 0,104% повисок од курсот на доларот (56,6202 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.