Mercedes-Benz официјално ги претстави освежените GLE и GLE Coupe модели, кои добиле технологија што ги прави уште поспособни за off-road авантури, но и „попаметен“ MBUX систем како и нов plug-in хибриден пакет GLE 400e 4Matic.

Новиот plug-in хибриден GLE 400e го придвижува 2.0-литарски 4-цилиндерски мотор во комбинација со електричен мотор, а оваа комбинација испорачува вкупно 252 КС. Моделот GLE 350 de 4MATIC доаѓа со 2.0-литарски дизел мотор поврзан со електричен мотор кој заедно развиваат 194 КС. Секоја опција за погон за GLE ќе има одредено ниво на електрификација благодарение на 48-волтниот благ хибриден систем на Mercedes, кој ќе биде додаден на 2.0 и 3.0-литарските дизел мотори во Европа. GLE 300 d 4MATIC и GLE 450 d 4MATIC ќе испорачуваат 266 и 362 КС, соодветно.

GLE 580 4Matic ќе се нуди со Off-Road Engineering пакет, вклучува заштита на подвозјето, а теренецот дополнително се крева од земјата благодарение на достапната воздушна суспензија.

Off-Road режимот ќе биде достапен и во инфозабавниот систем и ќе му обезбеди на возачот различни корисни информации. Системот е поврзан со камери (360 степени) така што возачот ќе има подобар преглед на теренот што го опкружува.

Mercedes додал и нов Trailer Route Planner кој ќе им помогне на возачите да ја изберат соодветната рута доколку користат приколка. Помош при маневрирање на приколката ќе му помогне да ја паркира приколката. Овој систем е поврзан со камерите и автоматски го контролира управувањето со возилото при брзина до 4,5 km/h.

MBUX сега е „попаметен“ од кога било и е во својата втора генерација. Иако екраните во моделот GLE остануваат со иста големина од 12,3 инчи, сепак е можно да се контролираат повеќе поставки за возилото и удобноста преку неговиот екран на допир. Достапни се и безжично Android Auto и Apple CarPlay, додека асистентот на Mercedes е поефикасен од било кога и ќе остане така благодарение на over-the-air надградбите.

Што се однесува до внатрешноста, таа е надградена со голем број карактеристики пренесени од Maybach GLS и S-Class, вклучувајќи нов волан со површини чувствителни на допир за контрола на возачкиот и централниот дисплеј.

Внатрешноста е украсена со хромирани централни и странични отвори за воздух кои претходно беа резервирани за Maybach GLS, а користен е и материјал од пакетот MANUFAKTUR Piano Black Flowing Lines кој претходно беше ексклузивен за GLS. Новите опции за боја за ентериерот се Catalana беж/црна и Bahia кафеава/црна.

Mercedes работел и на надворешниот дизајн. Видливи се промените на предниот браник, маската содржи две хоризонтални летвички и хромирани детали.

Променети се и задните светла така што сега има два хоризонтални блока одзади, а амбиенталното осветлување сега има можност за проекција на Mercedes патернот.

Купувачите ќе можат да изберат Twilight Blue и Alpine Grey за нивниот GLE или GLE Coupe, како и нови комплети од 19-инчни и 20-инчни тркала.