Амстердам ја доби првата подводна гаража! / ФОТО+ВИДЕО
Прекрасен подводен паркинг е отворен во Амстердам
Наменет е исклучиво за велосипедисти, а со 7.000 места, новата гаража е најголема во градот. Пријавувањето е бесконтактно, првите 24 часа се бесплатни.
На проектот се работело четири години, а трошоците за изградба изнесуваат 60 милиони евра. Гаражата е последниот дел од обемниот редизајн на големиот плоштад пред централната станица во Амстердам, кој започна во 2017 година.
Над земја, плоштадот е исчистен од автомобили, а под земја е проширен со нова станица од подземната железница.
Новата главна станица, како и старата, е целосно опкружена со пристаниште, а со новата гаража наскоро ќе исчезнат сите држачи за велосипеди во областа на станицата за да се направат улиците побезбедни и почисти. Гаражата се наоѓа под водената површина на каналот.