Што вози Лука Дончиќ? Ова е неговиот тенк на шест тркала подготвен за апокалипса / ВИДЕО
Го придвижува 6.2-литарски V8 мотор со 750 КС, а во зависност од спецификациите цената се движи од 500.000 до 1 милион долари
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ е еден од најдобрите играчи во НБА. Покрај мајсториите на теренот, младиот Словенец често го окупира вниманието на медиумите и со активности од приватниот живот.
Оваа недела, Лука се најде на насловните страници за необичниот автомобил со кој пристигна на натпреварот на неговиот тим Далас против Атланта во спортскиот центар American Airlines Center.
Неговото ново милениче се вика Apocalypse Hellfire 6×6 и е вистински тенк на тркала.
Теренецот со шест тркала е базиран на Jeep Gladiator 6×6, но со голем број на модификации.
Се потпира на гуми од 22 инчи, нуди кревет во кабината, камера која препознава термички сигнали во опсег од осум километри, а сите делови во внатрешноста се водоотпорни.
Го придвижува 6.2-литарски V8 мотор со 750 КС, а во зависност од спецификациите цената се движи од 500.000 до 1 милион долари.
Компанијата наведува дека досега има продадено 150 примероци.