Добро е да се знае: Колку време е потребно да се наполни празен акумулатор во возење?!
Германскиот авто-клуб препорачува малку нејасно подолго време на возење или подолго растојание во еден потег
Откако во студените утре ќе добиете непријатно изненадување и не можете да го стартувате автомобилот поради испразнет акумулатор, време е некој да ви помогне со кабли за стартување. Но, клучното прашање е колку далеку треба да возите за доволно да го наполните акумулаторот за следното стартување?
Германскиот автомобилски клуб (ADAC) препорачува малку нејасно подолго време на возење или подолго растојание во еден потег. Всушност, тешко е да се даде точен број на километри или минути, бидејќи вредноста зависи од многу фактори како староста на акумулаторот, перформансите на алтернаторот и надворешната температура. Сепак постои правило: половина час возење, а најмногу цел час во лоши услови, треба да биде доволно за акуулаторот да биде доволно наполнет. Не исклучувајте го моторот во овој период. Возете со нормална брзина и не треба да ги зголемувате вртежите.