BMW започна со производство на iX5 со водороден погон / ФОТО
BMW веќе го покажа концептниот iX5 напојуван со водородни горивни ќелии, кој сега влегува и во мало производство
BMW масовно ја прошири својата понуда на електрични возила последниве години, но компанијата нема да стави се на коцка ограничувајќи се на електрична енергија. Баварците планираат да го одржат во живот внатрешното согорувањешто е можно подолго, но исто така веруваат и во одржливоста на водородот како извор на енергија.
BMW веќе го прикажа концептниот iX5 напојуван со водородни горивни ќелии, за сега да објави дека чистиот SUV влегува во мало производство во пилот фабриката во Истражувачкиот и иновативен центар на BMW во Минхен. BMW таму вработува околу 900 луѓе, кои работат на до шест проекти, вклучително и изградба на концептни автомобили и развој на нови автомобили пред да влезат во масовно производство.
Искуството на тимот со проекти со мал обем ги прави добро прилагодени за ограниченото производство на iX5 на водород. За да се изгради iX5, стандардните X5-ки се испорачуваат во Германија од фабриката на BMW во Спартанбург, Јужна Каролина, САД, и се опремени со нови подови за сместување на два резервоари за водород во централниот тунел и под задното седиште.
Гривните ќелии се произведуваат од страна на BMW во погонот во Гарчинг и се сместуваат под хаубата каде што вообичаено се поставува стандардниот мотор, додека електричниот мотор е сместен во задната оска до батеријата изведен од компоненти вградени во постојните BMW електрични и Plug-in хибридни возила.
„Сигурни сме дека водородот ќе добие значителна важност за индивидуалната мобилност и затоа веруваме дека комбинацијата на електрични погонски системи со батерии и горивни ќелии е разумен пристап на долг рок“, вели Френк Вебер, член на управниот одбор на BMW и шеф на програмата iX5.
Горивните ќелии, исто така, не бараат критични суровини како што се кобалт, литиум или никел, така што со инвестирање во овој тип на погонски систем ја зајакнуваме и геополитичката отпорност на BMW Group.
Компанијата се надева дека тест флотата iX5 Hydrogen ќе помогне да се добие увид во начинот на кој луѓето користат автомобили со водород. Но, неговата друга голема цел е да помогне во градењето на свеста за технологијата што некои потрошувачи и автомобилски компании дури и не ја разгледуваат како алтернатива на електричната енергија“.