РКЕ: Значителен пад на цената на горивата од полноќ!
Со денешната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,77% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 14.11.2022 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 91,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 94,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 93,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 88,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,567 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 47,622 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,887% или за 18,500 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 2,869% или за 30,450 $/тон, кај екстра лесното масло намалување е во просек за 2,857% или за 27,900 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 2,291% или за 12,300 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 60,9590 ден/$ и е за околу 1,485% понизок од курсот на доларот (61,8778 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.